Вести Македонија Топ вести

Загинат и тројца повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Ранковце

Автомобил ноќеска излетал од патот Крива Паланка-Ранковце-Куманово по што се забил во банкината. Има повеќе настрадани во оваа тешка сообраќајна несреќа во близина на Ранковце.

Во несреќата има еден загинат и тројца повредени патници од автомобилот. Полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато.

Автомобилот се уште се наоѓа заглавен во банкината.

Од МВР соопштија дека загинатиот возач на аудито имал 21 година.

На 14.08.2023 во 01.28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово.Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе