Култура

Претставата „ Роња, ќерката на ограбувачот“ на ТДМ прогласена за најдобра на фестивалот во Котор

„Роња, ќерката на ограбувачот“, работена по текст на Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, а во продукција на Театарот за деца и младинци е прогласена за најдобра претстава во завршницата на 31 „ Которски фестивал на театри за деца“. За наградата одлучуваше жирито на град Котор, кое во одлуката вели дека во претставата била прикажана „компактна игра и синергија на актерите,куклите и музиката“.
Претставата премиерно беше изведена на 26.12.2022 година, а веќе во мај годинава се закити со награди на ,,Новосадските театарски игри”, освојувајќи Grad Prix за најдобра претстава,  а награда за најдобра анимација на кукли доби актерката Матеа Јанковска, која ја игра насловната улога. За ликот на Роња, Јанковска беше наградена за актерско остварување и на Меѓународниот куклен фестивал „ Златна искра“, што се одржа во Крагуевац, а Лазар Новков за музиката во претставата доби награда на истиот фестивал. Матеа Јанковска освои награда за млада актерка за ова остварување и на годинашниот МТФ „ Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Покрај Матеа Јанковска, во оваа куклена претстава настапуваат : Никола Наковски, Ангела Димитрова, Мики Анчевски, Петар Стојанов и Катарина Илиевска – Силјановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе