Електрична енергија треба да се плаќа секаде и плаќа секој, тоа мора да го спроведеме и во Арачиново и во Липково, рече министерот за економија Крешник Бектеши кој потсети дека врз основа на Законот за енергетика и надлежното министерство се вклучени во запирање на кражбите на струја.
– Дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време по добиени гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договориле со мештаните за да не ги спречуваат екипите на Електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување на нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија, информираат од Електродистрибуција.
