Вести Економија Топ вести

Ограничени необновливи енергетски ресурси и четири децении стари капацитети

Од ограничени необновливи енергетски ресурси, преку четири децении стари капацитети до држава зависна од увоз – под директно влијание на цените од отворен пазар. Енергетскиот систем потфлил во екот на енергестката криза. Државните ревизори нотираат дека за четири години, 588 милиони евра од државната каса биле потрошени за набавка на јаглен, мазут и природен гас.

40 годишниот животен век на производствените капацитети резултирал со чести дефекти и намалено производство на струја. Ревизорите нотираат дека Блокот 3 на РЕК Битола работел само еден единствен час во годината.

Пресметано е дека поради застојот на Блок 3, за околу 1.621 илјади MWh е произведено помало количество електрична енергија, кои во моментите кога државата се справува со енергетска криза се од големо значење. Наведените состојби го доведува во прашање сигурното, безбедното и ефикасното работење на централите, како и континуирана испорака на електрична енергија до корисниците, се вели во извештајот на дзр.

Во лоша кондиција биле и останатите производствени капацитети. ТЕЦ Осломеј функционирал како резерва помалку и од половина година, а ТЕЦ Неготино во периодот на енергетска криза работел со само еден котел. Ревизорите нотираат и дека Македонија располага со ограничени ресурси на јаглен, а новите наоѓалишта сѐ уште не се експлоатираат.

На државата тешко и оди и со меѓународни обврски за обезбедување на „зелена енергија‘‘ и зголемување на учеството на обновливите извори. Процесите се бавни и неплански, со голем број админитстративни пречки.

Проблем и во регулативите за повластени тарифи. И покрај тоа што лапнале 45 милиони вера од државната каса, за време на енергетска криза, кога цената на електричната енергија на отворен пазар значително пораснала, дел од производителите ги раскинале договорите.

Во обид за заштеда пак, голем број фирми и општини кои законот ги обврзува да набавуваат стуја од отворен пазар, основале нови правни субјекти и користеле  повластена субвенционирана цена на електрична енергија за  домаќинствата и малите потрошувачи. Регистрирани биле 3,100 нови вакви броила.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе