Вести Економија Топ вести

ДДВ-то го стопи намалувањето на Регулаторна на цената на струјата

Иако Регулаторната комисија ги намали цените на струја за четирите блока за домаќинствата  сепак цената која ќе ја плаќаат граѓаните ќе биде незначително повисока пред се поради враќањето на ДДВ за струјата од 10 на 18 отсто од 1 јули. Она што ќе им олесни на граѓаните е враќањето на ефтината тарифа од 1 декември до кога е рокот унивезалниот снабдувач да го корегира системот за наплата за граѓаните.

Претседателот на Регулаторната комисија ги соопшти новите цени на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи кои се пониски од оние во претходниот период и со тоа го аморитизира враќањето на ДДВ-то од 1 јули кое има вкушно учеството во цената од 7,2 отсто. Намалување и тоа незначително од 0,3 отсто ќе има само во првиот блока, додека во останатите три блока цената на струјата е повисока.

Во првиот блок намалување без ДДВ е 7,04 проценти, со ДДВ математички е пресметано е намалување од 0,28 проценти. За вториот блок е зголемување заради ДДВ-то 2,88 проценти, за третиот блок е 9,99 проценти за четвртиот блок е 9,87 проценти. За малите потрошувачи заради заокружување на бројките, бидејќи кај нив нема влијание на ДВВ, голем дел од компаниите прават поврат на ДВВ, е 0,3 отсто зголемување, изјави Бислимовски.

Први декември е датумот кој Регулаторите го одредија за старт на ефтината тарифа и ќе биде во траење од два часа од 13 до 15 часот а дотогаш ЕВН Хоум ќе треба да ги спроведе промените во системот за наплата поради воведените четири блок тарифи.

Во изминатиот период водевме долги дискусии. Нашиот конечен став е дека ефтината тарифа се враќа , со мало одложување кога почнува грејната сезона, однонсо од 1 декември. Тоа е тоа. Регулаторната комисија за енергетика нема да отстапи. Имаа доволен период да се заврши имплементацијата и промените кои треба да се напарават во билинг системот, рече Бислимовски.

Регулаторна не отстапи и од т.н. паметни броила кои ќе може далечински да се отчитуваат преку интернет конекција а рокот за замена ќе биде најмногу до две години. Овие броила ќе ја отчитуваат потрошената струја од првата до последната секунда во тековниот месец и со тоа Бислимовски смета дека ќе се зголеми довербата на граѓаните и ќе се намали бројот на поплаки.Замената на броилата ќе биде вкалкулирана во цената која ќе ја плаќаат граѓаните.

Во наредните дна до две години, инсистираме постоечките броила, сите да се заменат со броила со можност за далечинско отчитување и на тој начин ќе ги отстраниме сите сомнежи кај потрошувачите во однос на времето и периодот на отчитување. Се разбира дека тие броила се нешто поскапи од постоечките и треба интернет конекција за далекински да се отчитуваат но тоа е незначителен трошок во вкупната цена и во однос на придобивката и довербата кај граѓаните. Трошокот на новите броила ќе падне на Електродистрибуција кој се разбира дека ќе го пријави во Регулаторната комисија при определувањето на цената како и при промената во 2009 година, објасни Бислимовски.

Регулаторите не ги прифатија трошоците и барањата на енергетските оператори МЕМО, МЕПСО  и Екетродистрибуција за зголемување на цените од 32 до 83 отсто.
Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, апелираше до ЕСМ и ЕВН Хоум да ги следи трендовите на светските пазари  и да купуваат на берза во текот на денот кога цената е пониска од производствената но и да се купува струјата која се произведува од фотоволтаичните електрани во државата по пониска цена од пазарната.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе