Вести Економија Топ вести

По цена од 53 евра од мегават час ЕСМ ќе ја продава својата струја до крајот на годината, какви ќе бидат сметките ќе се знае идната недела

Педесет и три евра за мегават час е цената која што ЕСМ ја понуди на тендерот на универзалниот снабдувач, ЕВН ХОУМ. По оваа цена државните електрани ќе ја продаваат произведената струја до крајот на годината. Таа е за три евра или за  5,3 отсто пониска од досегашната цена, која изнесуваше 56 евра за мегават час.

ЕВН Хоум, како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ.

АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 53 евра за мегаватчас, за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини, велат од ЕВН.

Од оваа цена најмногу зависи какви сметки  ќе плаќаат граѓаните во следните 6 месеци. Сепак  влегуваат и други параметри, но и  ДДВ кое од први ќе скокне од 10 на 18 отсто.

Сега на потег е Регулаторната комисија, која треба да каже што од барањата на другите енергетски компании ќе биде прифатено.

Мепсо бара зголемување на цената за преносот за 50 отсто. Но, според неофицијални информации, предлогот тука да има намалување за 17 проценти. Електродистрибуција, пак, бара поскапување на својата услуга за околу 30 отсто, но исто така неофицијално, предлогот е тие да добијат само околу 2 процента зголемување. Сепак, процентот во крајната цена на Мемо, Мепсо и Електродистрибуција е помал, од она на државните електрани.

Дали од 1 јули ќе има намалување или благо поскапување на струјата, ќе се знае следната недела кога РКЕ ќе ја соопшти одлуката. Премиерот, пак, со побрзи пресметки од регулаторот. Вели струјата нема да поскапи.

„Не очекувам ценовен шок, јас можам да ги убедам граѓаните нема да има ценовен шок ,нема да има зголемување на цената на струјата, затоа веќе определивме и пари во буџетот“, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Иако, речиси два месеца се најавуваше дека од 1 јули ќе има и евтина дневна струјата, која се укина пред околу една година, тоа тешко дека ќе се случи. Според објаснувањата на надлежните потребен е временски период за промена на броилата за да може домаќинствата да ја добијат оваа поволност.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе