Првиот ден од викендот ќе преовладува променливо облачно, посвежо и ветеровито време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 17°C, а дневната од 18 до 25°C.
Во Скопје, променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Информации од ова утро: 16.6.2023
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo