Спорт Фудбал

Лукаку и Кулибали во замена за Влаховиќ

Новиот менаџер на Челзи, Маурисио Почетино дефинитивно ги отпиша Ромелу Лукаку и Калиду Кулибали, но воедно не дозволи тие да бидат позајмени во Интер бидејќи клубот од Стемфорд бриџ има друг план.

Аргентинецот по секоја цена летово сака да ангажира класичен напаѓач, а прв на листата на желби е Душан Влаховиќ од Јувентус.

Со оглед на фактот дека висината на обештетувањето изнесува меѓу 75 и 80 милиони евра, клубот од Стемфорд бриџ на Старата дама и нуди размена во која двајцата фудбалери би заминале во Торино, а во Лондон би пристигнал репрезентативецот на Србија.

Покрај овие двајца на листата на играчи кои му се нудат на Јувентус се уште Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус Чик и Тревох Чалоба.

Одговор за понудата се уште нема, но во претходните денови челниците на Старата дама истакнаа дека повеќе сакаат кеш како би ги надополниле финансиските дупки поради неиграњето во Лигата на шампионите и дека немаат намера да ангажираат фудбалери кои би барале повисока плата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе