Спорт Фудбал

Милевски: Украина е одлична репрезентација, мора да одиграме најдобро што можеме

Македонската фудбалска репрезентација утре од 20 часот и 45 минути на арената Тодор Проески против Украина ќе го одигра вториот натпревар од овој циклус на квалификации за Европското првенство.

По триумфот над Малта, Украинците се вистински тест за можностите на составот предводен од Милевски.

“Од фудбалерите кои ќе се најдат на терен може да очекуваме да го дадат својот максимум. Кој ќе настапи и колку ќе игра зависи од физичката подготовка на секој поединечно, а за натпреварувачка форма не можеме многу да зборуваме, туку за она кој од нив е близу до натпреварувачки ритам. Она што ме прави задоволен во овој изминат период, од 2 јуни па наваму, мислам дека успеавме да направиме баланс од оние кои завршија подоцна, со оние кои порано завршија со своите шампионати. Има крв и желба кај сите за овој натпревар и тоа ќе ни биде еден од условите за натпреварот со Украина, тоа ќе биде максимална трка и физичка подготвеност. Ќе мора да бидеме на 100%, затоа што Украина е извонредно квалитетна селекција и екипно и индивидуално”, изјави Милевски.

Украина во пресрет на утрешниот натпревар веќе имаше една контрола и тоа против селекцијата на Германија. На тој дуел Украинците имаа предност од 3:1, а домаќинот на следното Европско првенство во последните минути успеа да се спаси од пораз.

“Овој меч ќе биде поразличен од тој со Германија, мислам пред сѐ во пристапот на Украина, но тоа не значи дека не сме подготвени. Ги анализиравме, имаат нов селектор, ги анализиравме и од мечот на Европско и други мечеви, но и мечот со Германија. Заклучокот е дека се извонредно силна селекција. Ние мора да бидеме и на повисоко ниво од нашето, ако сакаме успешен резултат”, заврши предводникот на националниот тим.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе