Поранешниот српски тенисер Јанко Типсаревиќ стана член на Српската напредна партија (СНП) чиј лидер е Александар Вучиќ. Веста за новиот партиски член е објавена на официјалниот сајт на партијата и на профилите на СНП на социјалните мрежи со порака „Добро дојде мајсторе! Заедно во нови победи!“.
Типсаревиќ активно се занимаваше со тенис до 2019 година, кога ја заврши 17-годишната кариера. Најдобриот пласман на АТП листата го имаше во 2012 година, кога беше осми светски рекет.
Со репрезентацијата на Србија го освои Дејвис купот во 2010 година и настапи на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Прослављени тенисер Јанко Типсаревић @TipsarevicJanko данас је постао члан наше СНС породице. Добро дошао, мајсторе! Заједно у нове победе! 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 https://t.co/n4AoSmRAZe
— СНС СРБИЈА (@sns_srbija) May 16, 2023
