Македонија Најважни Ракомет Спорт

МВР отвори предмет за полицаецот што го удри Талески со пендрек (ВИДЕО)

Вардар синоќа го совлада Еурофарм Пелистер со 26-25 во големото финале во ракометниот Куп на Македонија што се одржа во Охрид. Натпреварот и славјето на „црвено-црните“ паднаа во сенка на инцидентот што се случи по завршување на истиот. Во мешаницата помеѓу играчите на двете екипи, еден полицаец со пендрек го удри ракометарот на Вардар, Филип Талески. Јавноста остана згрозена и шокирана од потегот на полицаецот, па МВР веднаш отвори предмет за расчистување на случајот.

Како и секогаш кога играат Вардар и Пелистер меѓусебе, тензиите се големи. Па по вчерашното финале, повторно имаше кошкање помеѓу играчите на двете екипи. Откако реагираше обезбедувањето, но и полицајците кои го обезбедуваа настанот, еден припадник на МВР со пендрек без никаква потреба го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески. Видеото, кое се појави на социјалните мрежи и стана вирално, покажува дека полицаецот без никаква потреба и тоа преку своите колеги со пендрек го удира ракометарот на Вардар, кој се обидуваше да ја смири ситуацијата.

МВР денеска објави соопштение во кое наведува дека иако случајот не е пријавен ниту од делегатите на натпреварот, Ракометната федерација ниту пак од самиот ракометар, Одделот за Внатрешна контрола ќе отвори предмет за инцидентот и постапките на полицаецот.

Целосното соопштение на МВР.

По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица.

По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе