Филмови

КУБАНСКА ФУРИЈА – недела, 30 април 2023 – 19:45

Подготвен да победи на Јуниорското првенство во салса на Обединетото Кралство во 1987 година, 13-годишниот Брус Гарет има оган во неговите потпетици и светот е пред неговите нозе. Една кобна ноќ, чуден инцидент му ја одзема довербата и му го пренасочува животот надолу по многу поинаков пат. 25 години подоцна, откако ги отфрлил своите детски соништа, Брус е надвор од форма, несакан и заглавен во неговата комфорна зона. Но доаѓањето на Џулија, неговата паметна, прекрасна нова шефица, ќе го принуди да го преиспита своето досадно, безстрасно постоење. Но, таа е недостижна за него, а единственото заедничко нешто со Џулија им е љубовта кон танцувањето. Работата е уште покомплицирана бидејќи конкурент за вниманието на шефицата е неговиот колегата, кој со потценување гледа на малиот дебелко. Брус со помош на неговата лојална сестра, менторката по танц од детството и стариот инструктор ќе мора да се врати во форма, да се натпреварува и да ја побара љубовта на својот живот?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БИТКА СО ДРОИДИТЕ – петок, 17 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ДОМИНО-недела, 19 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

НИЧИЈА ЗЕМЈА-сабота, 18 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе