Вести Македонија

Почина 68 годишен човек во Катланово, откако паднал во необележана шахта за одвод

Денеска Ангеле Ангеловски роден 1954, паднал во дупкава кај необезбеден дел на изведба на мостот и скршил пршлен на врат по што починал.

На 21.04.2023 год. околу 10,00 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во Катланово има паднато машко лице А.А. (68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал. Од лекар од итна помош констатирана е смрт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија за Телма од МВР.

Надзорот врз овој необезбеден дел го врши фирмата Евроконсалтинг дел од конзорциумот за Коридор 8 и коридор 10д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Дејан Дејан

Сајбер насилството меѓу децата е зголемено за повеќе од 30%, на мета девојчињата

Kristina Kuzmanovski

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе