„Живеам во Скопје , кога ги почувствував симтомите веднаш се јавив кај мојот матичен лекар за да закажам тестирање за КОВИД. Но, до сабота немаше место во ниту еден од пунктовите за земање брис во Скопје“
„Со денови чекам за да ми земат брис бидејќи имам симтоми на Косона вирусот, но најбрз термин беше само доколку отпатувам за тест во Велес или Тетово, а со температура и болки во мускулите воопшто не можам да возам“
Вакви пораки стигнаа до нашата редакција, граѓаните се жалат дека со симптоми на бирусот не само што чекаат , туку и дека ги пртепаќаат да им се зеде брис и на пунктови во други градови, а не онаму каде што живеат. Уште една поплака е и дека дури и за обични прегледи и анализи докторите бараат од пациентите да направат серолошки тест, па потоа да приложат и негативен тест за корона. Министерот Филипче пак вели дека ниту една здравствена институција нема таква препорака.
Инаку последниве недели најголем број од заразените со ковид се луѓе од 30 до 60 години. Меѓутоа, опаснитот вирус не ги заобиколи ни децата. Па така , откако ги отвотија градинките на 9ти септември до сега 18 деца се позитивни ,а уште 309 се во изолација. Со вирусот се заразиле и 55 вработени во градинките.
Македонија веќе 8 месец живее во пандемија , заболеа повеќе од 23 000 граѓани, инфективните одделенија во Струмица, Куманово, Штип се полни. Нема место ни во Прилеп , а се ослободило уште едно болничко крило во Битола за луѓето од Пелагонсикиот регион . Модуларната болница во дворот на инфективна , се уште не почнала да прима пациенти.
Теодора Цветковска