Македонија Топ вести

Дескоска: СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори

Денеска стапува во сила новиот Закон за Јавното обинителство. Специјалното јавно обвинителство како институција формално згасна, но не и предметите кои ги отвори. Сите предмети, на кои работеше Специјалното јавно обвинителство се живи, новиот Закон дава јасна правна основа за нивно продолжување до конечни судски одлуки, изјави за МИА министерката за правда Рената Дескоска.

Борбата против криминалот и корупцијата, како што посочи таа, е долга и макотрпна и тоа се гледа не само кај нас, туку и во сите други држави.

-Земете ја за пример Италија која со години се бори со мафијата. Јасно е дека нема инстант решенија за правда, но тоа не треба да ја обесхрабри желбата за правда, ентузијазмот и посветеноста на институциите во борбата, ниту очекувањата на граѓаните за правда, вели Дескоска.

Според неа, обврската да се врати довербата во правосудните органи е најтешката и најзначајна обврска пред нас.

-Сега со зголемен буџет и отворен пат за зголемување на бројот на обвинителите, очекувам ентузијазам и пожртвуваност од сите обвинители, истражители и стручни соработници во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и ефикасност во завршувањето на сите отпочнати постапки, вели во изјава за МИА министерката за правда Рената Дескоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе