Вести Свет Спорт Топ вести Фудбал

(видео) Навивачите на „Бешикташ“ и „Фенербахче“ фрлаа плишани играчки на стадионот за децата жртви во земјотресот – побараа оставка од Ердоган

Навивачите на истанбулските фудбалски клубови „Бешикташ“, синоќа, и на „Фенербахче, ден претходно,  побараа од турската Влада да поднесе оставка, скандирајќи и фрлајќи стотици плишани играчки на теренот во спомен на децата жртви од земјотресот на 6 февруари.

„Владо, оставка!“ се пееше додека Бешикташ одигра 0:0 со Анталијаспор. Протестот, што се одржа за време на натпреварот, следи по протестот на навивачите на колегите од истанбулскиот клуб Фенербахче на нивниот стадион во саботата. Навивачите на Фенербахче изразија слични чувства по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер во кој сано во Турција загинаа повеќе од 44.000 лица.

„Дваесет години лаги и мамење, оставка“, скандираа навивачите на Фенербахче за време на победата над Коњаспор од 4:0. Противниците на турската Влада го критикуваа, како што сметаат, несоодветниот одговор на владејачките власти на природната катастрофа.

Инаку, на 14 мај во Турција треба да се одржат претседателски и парламентарни избори. Се смета дека навивачите на Бешикташ се поблиски до опозицијата отколку до владејачката коалиција на Реџеп Таип Едоган. Но, ваквите скандирања станаа се поретки откако Ердоган ги прегази своите противници по неуспешниот пуч во 2016 година.

Девлет Бахчели, шеф на националистичката партија МХП, помал партнер во владејачката коалиција на Ердоган, ги повика властите да ги играат натпреварите зад затворени врати доколку има повеќе вакви изрази на негодувањ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе