Вести Македонија

Маричиќ во Вин Вин: Во Бугарија има политички фактори кои ги провоцираат Македонците за некаква реакција, а ние сме должни да го чуваме достоинството

Духот на договорот со Бугарија е дека ние градиме пријателство и дека меѓусебно се почитуваме. Нашите политичари, особено официјалните лица, државата, владата секако се коректни и не биле причина за провокација, изјави вечерва во „Вин Вин“ вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Меѓутоа изјавите на Џамбаски, изјавите на други поличари, како Костадинов, кои патем речено во Бугарија не се толку популарни колку што се кај нас. На пример Костадинов, не знам зошто ниту еден медиум во Македонија не го пренесе дека го викаат Коста Копејкин во Бугарија. Како алузија на руското влијание во неговото политичко дејствување. Имаме политички фактори кои што намерно влегуваат во провокација на Македонците и на Северна Македонија, за да испровоцираат наша реакција. Ние сме должни да го чуваме нашето достоинство. При тоа е возможно и да го чуваме нашето достоинство и да градиме пријателство“, изјави Маричиќ.

Она што за жал, според мене е крупна и клучна грешка од бугарската страна, тоа беше посетата на Петков на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“, изјави вицепремиерот за европски прашања.

„Тоа беше пресвртната точка која што ги одведе работите во еден погрешен правец. Инаку сметам дека до тогаш имавме сериозни резултати кои што ја сменија перцепцијата за Бугарија во Северна Македонија и обратно и ги зближија и народите и владите за да можат да решат проблеми што се од животно значење“, изјави Маричиќ.

Маричиќ во Вин Вин: Од решението на судот во Стразбур треба да сме задоволни сите, и владата и сите правдољубиви граѓани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе