Вести Култура Топ вести

ДПМ од Министерствтото за култура бара да го објави списокот на сите предложени книги за публикување, а не само избраните

Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија на 15 февруари 2023 година одржа вонреден состанок во врска со резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од културата за 2023 година.

ДПМ се залага за почитување на приоритетите во културата, а книжевните награди кои ги носат имињата на нашите писатели – стожерници несомнено се еден од тие врвни приоритети во доменот на книжевноста и културата.

Неприфатливо, скандалозно и спротивно на националниот интерес е во Годишната програма да не се издвојат средства за годишните награди на ДПМ: „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“, „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“, велат од ДПМ.

Тие се наши великани, основоположници и меѓници, чии што имиња и дела се вградени во темелите на идентитетот, јазикот и македонската литература.

Неприфатливо е и одбивањето да се финансира манифестацијата „Празник на липите“, која го промовира дијалогот меѓу македонската и светската поезија.

Исто така, во интерес на транспарентноста и одговорноста при распределбата на буџетските средства, ДПМ предлага преку страницата на Министерствтото за култура на јавноста да ѝ биде достапен списокот на сите предложени книги за публикување, а не само имињата и насловите на избраните проекти.

Иако со отсуството на поддршка во Годинешната програма, дејноста на ДПМ во 2023 година е доведена во прашање, нема да дозволиме најстарата, најрепрезентативната и најмасовната писателска адоцијација, која постои и опстојува веќе цели 76 години, да не го продолжи својот нагорен пат, кој е во неразделна врска со националните интереси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Крвава матурска ноќ во Сараево: Навивачи со палки и факели нападнаа матуранти

Дејан Дејан

(ФОТО) Австрискиот победник на Евровизија, Џеј Џеј, пречекан со овации во Виена

Дејан Дејан

Мелони: Средбата со Вeнс и фон дер Лајен може да биде „нов почеток“ во односите меѓу САД и ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе