Вести Македонија Топ вести

Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ: Братот на предложениот министер за правда Кренар Лога е осомничен за убиството на Дилавер Бојку Леку

ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше и начинот за предлог на нова влада без да бидат разрешени досегашните министри, но и новопредложените членови на кабинетот на Ковачевски, особено во ресорот Правда.

За предложениот министер за правда Кренар Лога, портпаролот Наум Стоилковски рече дека неговиот брат е осомничен за убиството на Дилавер Бојку Леку, злосторство кое се уште не е расветлено.

Бојку-Леку беше повеќе пати осудуван за тешки кривични дела како проституција и нелегално оружје, а по отслужената казна и повеќе фамилијарни пресметки со семејството Лога, тој беше ликвидиран пред негов угостителски објект во Струга.

Стоилковски пак за предлогот Викторија Мадиќ од СДСМ да биде заменик на министерот за правда Лога од Алтернатива рече дека таа како поранешен секретар во Скопје е позната во јавноста поради тендерите од 4 милиони евра кои ги добил нејзиниот зет.

Лога е досегашен член на ДИК кој беше избран во Собранието без никакви проблеми од страна на пратениците.

4-ца нови министри, 5-мина нови заменици, ДУИ со целосна власт во Образование, Алтернатива останува на министер за дијаспора- Листа од новиот кабинет во Собрание

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе