По жрепката за квалификациските групи за пласман на Европското првенство за фудбалери до 21 година што ќе се одржи во 2025 година, а домаќин е Словачка, познат е распоредот на натпреварите кои ќе го одигра репрезентацијата на Македонија.
Нашата селекција е во група со Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар, а првиот дуел го играме против Швеѓаните и тоа како гости на осми септември.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Шведска – Македонија (8 септември 2023)
Македонија – Холандија (12. септември 2023)
Молдавија – Македонија (17. октомври 2023)
Македонија – Грузија (16. ноември 2023)
Македонија – Гибралтар (21. март 2024)
Македонија – Шведска (26. март 2024)
Холандија – Македонија (5. септември 2024)
Гибралтар – Македонија (9. септември 2024)
Македонија – Молдавија (11. октомври 2024)
Грузија – Македонија (15. октомври 2024)
ФОТО: Игор Паневски
