Малку недостасуваше МЗТ Скопје да стигне до победа во дуелот против Будуќност, кој во еден момент имаше предност од 19 поени, но македонскиот првак успеа да се врати во мечот и со поголема концентрација во нападот во самата завршница можеше да направи неверојатен пресврт.
Будуќност забележа победа од 90:86, но доколку македонскиот првак продолжи да игра како во последните 10 минути од средбата сигурно дека може да се надева на подобри резултати во продолжението од АБА лигата.
“МЗТ пружа отпор на најсилните екипи на Балканот, време е да се работи малку повеќе на кошарката во оваа земја од која имам потекло. Сакам прво да бидеме комплетни, да видиме што ни недостига. Мислам дека ако се разбираме повеќе во одбраната како кога се крена енергијата, можеме да играме подобро. Ние успеавме да се вратиме од 19 поени, има простор за напредок, а ни недостига победа за да се издигне овој тим. Во следните натпревари треба да играме како вечерва, а кога ќе бидеме комплетни сигурно дека можеме и повеќе”, изјави предводникот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ.
ФОТО: Игор Паневски