Uncategorized Вести Македонија

Дерек Шоле во среда во Скопје – советникот на Стејт департментот со фокус на борбата против корупција, енергетика и економијата

Советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле во среда пристигнува во Македонија, соопшти американскиот Стејт департмент. Според соопштението, на 11 јануари тој пристигнува во Скопје со посебна меѓуагенциска делегација, која ќе се сретне со владини претставници на разговори за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Шоле потоа ќе отпатува во Приштина, на средби со тамошната влада, политичките лидери и граѓанското општество. Таму ќе се разговора за напорите на САД да помогнат во унапредување на косовската во евро-атлантската интеграција, вклучувајќи го и дијалогот што се води со посредство на Европската Унија, за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите со Србија, фокусирани на меѓусебното признавање.

На 12 јануари, Шоле ќе оди во Белград, каде со српската влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристапување во ЕУ. Тој, исто така, ќе разговара за улогата на Србија во зајакнување на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во дијалогот за нормализирање на односите со Косово.

Шоле требаше да дојде во декември, но тогаш ја одложи посетата за почетокот на јануари, бидејќи беше позитивен на ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе