Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот, особено во западните делови, врнежите на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Во Скопје облачно и студено, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-3 Маврови Анови, -2 Крива Паланка, Крушево, -1 Штип, Берово, Виница, 0 Скопје-Петровец, Дебар, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Охрид, 2 Струмица, 3 Битола, Демир Капија, 6 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
6 Берово, 4 Крива Паланка, Штип, Виница, 3 Охрид, Дебар, Крушево, 1 Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Ѓуриште.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/