На денешната прес конференција во пресрет на осминафиналниот дуел против Јужна Кореа, селекторот на бразилската репрезентација Тите, потврди дека Нејмар се рехабилитирал од повредата на скочниот зглоб и дека е во комбинација за настап на утрешниот натпревар.
“Нејмар денеска ќе тренира со екипата и ако се оди според планот тој ќе биде дел од тимот. Јас не споделувам информации кои не се точни. Штом тој тренира, значи дека е здрав и е подготвен да ги издржи сите 90 минути. Јас сакам да ги имам на располагање најдобрите 11 и тие ќе го почнат натпреварот”, рече предводникот на Кариоките.
Тите потврди дека за дуелот со Јужна Кореа ќе може да смета и на Данило, но Алекс Сандро се уште не е подготвен за настап.
Селекторот на Бразил поради повреди до крајот на турнирот нема да може да смета на Габриел Жезус и Алекс Телеш.
ФОТО: Игор Паневски
