Поранешната Мис на Хрватска, Ивана Кнол присуствуваше на сите три натпревари на националниот тим во досегашниот тек од Светскиот шампионат.
Кнол предизвикува огромно внимание при секое појавување па така беше и на натпреварот против Белгија во кој Хрватска иако не победи сепак успеа да се пласира во осминафиналето.
Кнол предизвикува револт кај катарските власти и поради тоа беше објавено и соопштение во кое се наведува:
“Посетителите без разлика дали се мажи и жени мора да ја почитуваат локалната култура и да избегнуваат претерано разголување низ улиците на Доха”
Се очекува Кнол да го продолжи престојот во Катар и на тој начин и натаму да му носи среќа на националниот тим.
ФОТО: Игор Паневски







