Вести Македонија Топ вести

Гас за скопските топлани има уште за денеска, најава за нова набавка нема

Завршуваат залихите на гас наменети за топланите Исток и Запад, а најава за нова набавка сѐ уште нема. Останува неизвесно дали од утре, во ек на грејна сезона, илјадници домаќинства ќе се соочат со ладни радијатори.

Иако државни електрани во кус допис за Телма потенцираа дека средства за нова набавка има и дека нема да се случи прекин во дистрибуцијата на топлинска енергија, сепак изоставија да кажат дали е склучен договор за нова набавка.

Обидот на компанијата да го користи дизелот како примарно гориво пропадна откако нивното барање беше одбиено од Министерството за животна средина. Во образложението се вели дека се додека на пазарот има гас на располагање нема да се овозможи користење на друго гориво, а се нотира и дека топланите немаат соодветни филтри за да се преориентираат на нафта или мазут.

Од почетокот на грејната сезона набавките на гас се реализираат на кратки временски интервали, бидејќи според Владата, на овој начин се прават заштеди врз падот на цената на природниот гас на светските пазари.

Жителите пак на Скопје Север веќе неколку дена се без греење. Топланата нема доволно финансии за набавка на гас, а Град Скопје не дозволи да користат мазут. Во меѓувреме поради ладните радијатори голем дел од учениците во основните училишта во општина Чаир не посетуваат настава, а градоначалникот на општината побара координација на сите институции за надминување на кризата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе