Вести Македонија

Вработените на ЈСП најавуваат прекин на работа

Автобусите на ЈСП низ Скопје може да запрат. Доцни платата за септември, сидикатот ги предупреди градоначалничката Данела Арсовска и раководството на претпријатието дека денеска во 14 часто е последиот рок да ги добијат платите и придонесите.

Автобусите на ЈСП утре нема да излезат на улиците на Скопје доколку денеска до 14 часот на возачите, сервисерите и одржувачите не им биде исплатена септемвриската плата.

Ова денеска го соопштија трите репрезативните синдикати кои испратија порака и до менаџментот на град Скопје и до Владата.

Синдикатите на ЈСП информираа дека на 7 октомври ја известиле градоналалничката на град Скопје дека доколку на 15 октомври не им биде исплатена плата ќе има прекин на работата.

На протестот добија поддршка и од претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија.

Од менаџментот на ЈСП за протестот и барањата најавија дека ќе излезат со реакција во текот на денот.

Возачите, сервисерите и одржувачите на вработени на јсп кои денеска излегоа на предупредувачкиот процес соопштија дека ова не е единстевниот проблем кој го имаат, туку се соочуваат со низа проблеми, како непрофитабилно претпријатија, во делот на оддржувањето на автобусите.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе