Собранието на Македонија денеска му оддаде почит на вториот претседател на Македонија , Борис Трајковски, кој ја вршеше функцијата од 1999 до 2004 година и чиј живот трагично зграсна во авионска несреќа кај Ротимље во Босна и Херцеговина, патувајќи на економски форум заедно со осумчлена делегација. Во собраниската сала што го носи неговото име беше откриен портрет на Трајковски , што го изработи сликарката Валбона Атанасковска, во техниката масло на платно. Беше отворена и изложба на фотографии за животот и делото на Борис Трајковски, кој својата државничка мисија ја темелеше на вредностите на човечност, толеранција и еднаквост. Изложбата вклучува 90 фотографии што ги отстапи Фондацијата „ Борис Трајковски“. Таа ќе биде отворена во Собранието до крајот на јуни, а ќе може да се види со претходна најава.
- Одлучив да го сликам тој портрет кој што веќе долго време стоеше како фотографија во ходниците, во просториите на Собранието. Затоа што луѓето преку таа фотографија најмногу се емотивно поврзани. И таа фотографија потоа ја претворив во слика- масло на платно, кажа Валбона Атанасковска- сликарка која го наслика портретот на Борис Трајковски.
- Хронолошки ги подредивме фотографиите. Почнавме со неговото семејство, неговите родители, неговата сопруга и неговите деца. Останатите фотографии се од неговата инаугурација , кога станува претседател. Потоа сите средби кои што се фотографирани.Неговите посети на државите. Накратко, неговиот живот и дело, рече Соња Ѓорѓиевска- советник за културно – историски вредности во Собранието на РМ.
- Оваа озложба не е само омаж на еден претседател. Таа е потсетник на вредностите што Трајковски ги претставуваше : мир, толеранција, дијалог и човечност. Во време кога светот често е поделен, овие вредности имаат уште поголемо значење, кажа Африм Гаши- претседател на Собранието на Македонија.
Сотир Трајков
