Вести Македонија Најважни

Двајца претставници на ЕСМ сведочеле дека нема штета од зделките со мазутот на РКМ

Двајца вработени во ЕСМ кои се на високи позиции во компанијата сведочеле дека нема штета од зделките на РКМ со ЕСМ за мазутот за ТЕЦ Неготино, потврди обвинителката Коларевиќ за Телма. Истрагата за случајот е запрена, а од ЕСМ најавуваат официјален одговор на тврдењата на обвинителката иако извори оттаму дека нема официјален допис за штетата испратен до обвинителството.

Помошник директор за производство на електрична енергија и советник за комерцијални работи биле сведоците од ЕСМ кои сведочеле дека државната компанија не претрпела штета од јавните набавки на мазутот за ТЕЦ Неготино, потврди обвинителката Катерина Коларевиќ за Телма. Според нејзините тврдења, поради таквото сведочење дадено на 4-ти март оваа година во обвинителството за гонење на организиран криминал е прекината истрагата по пријава на МВР за штета од над 167 милиони евра врз државниот буџет.

Претставници на ЕСМ со кои контактираше Телма тврдат дека нема официјален допис до ОЈОГОКК за штетата, и таков одговор не бил баран од компанијата. Коларевиќ пак вели дека двајцата претставници на ЕСМ биле испратени од компанијата и нивните искази како записници се вратени во компанијата која е оштетено лице.

Обвинителката паушално ги вештачела доказите и исказите на претставниците на компанијата- ЕСМ со реакција за наводите на обвинителката Коларевиќза запрената истрага за мазутот

Од компанијата најавија одговор за тврдењата на обвинителството, а потврдија дека денеска го зеле образложението за запирање на истрагата од архивата на Обвинителството и сигурно ќе поднесат приговор.

„Правниот тим веќе почна да ги анализира аргументите на ОЈО по што почнува подготовка на Приговорот кој ќе биде поднесен во законскиот рок“, велат од ЕСМ.

Истрагата е запрена за Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски- сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулковски и уште 8 други осомничени. Со пријавата тие беа осомничени дека правеле злоупотреби со јавните повици за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во енергетскјата криза од крајот на 2021-ва до средината на 2023-та година и дека испораките на мазут не биле согласно договорот. Обвинителството го затвори случајот тврдејќи дека не обезбедило доволно докази.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“ за прободениот малолетник во Ченто

Sasko Dimovski

Развоен буџет или признание за лоша економија? – Ребалансот ги судри власта и опозицијата

Дејан Дејан

Украина и Молдавија отвораат нов кластер со ЕУ- едногласна одлука во Брисел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе