Вести Македонија Најважни

Заловен волк во скопска населба – сопственикот го чувал како домашно милениче

Во скопската населба Козле вечерва е заловен волк кој  незаконски бил чуван како домашно милениче. Волкот бил врзан со ланец за бандера и како што соопштија од скопската зоолошка градина „бил мирен и питом“.
Тој е безбедно транспортиран до градината и во наредниот период  ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица. Волкот бил загрижен по пријава од загрижени граѓани за врзан волк во населбата по што пристигнале припадници на МВР,  стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од град Скопје.
Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, напиша градоначалникот на скопје орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.
Од Зоолошката градина апелираат  дека чување диви животни како домашни миленици е забрането и исклучително опасно.
Волците не се миленици и не смеат да се чуваат во заробеништво и несоодветни услови. Станува збор за диви животни кои имаат свои природни потреби, инстинкти и однесување, нагласуваат од Золошката. Апелираат до граѓаните доколку забележат нелегално чување диви животни, да го пријават до надлежните институции.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик доби дополнителен грејс период да биде донесен

Tea Dimkovska

Пожари беснеат во Штип и Пробиштип – се гасне и од земја и од воздух

Tea Dimkovska

ДУИ: Назначувањето на Стоиљковиќ е закана за Охридскиот рамковен договор

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе