Педесетгодишен работник од селото Соколарци oд општина Чешиново-Облешево, се здобил со тешки телесни повреди при извршување градежни работи во Кочани. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера година околу 11:15 часот во Полициската станица Кочани од страна на Итната медицинска помош.
„Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина“, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила и екипа од ОВР Кочани, во координација со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.
Т.Д.
