Вести Македонија Топ вести

Николовски: Ова е монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања

Откако МВР информираше дека извршила разговор со поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски тој се огласи со статус на социјалните мрежи. Николовски пишува дека неговиот разговор во полиција е монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања.

  • Почитувани граѓани, земјоделци, пријатели,
    Еден монтиран случај. Толку им требаше на актуелното раководство за да се обиде да ја покрие сопствената неспособност и криминал и тоа напаѓајќи ја најуспешната реформа во земјоделството.
    Се случува ова во момент кога незадоволството кај земјоделците е на невидени размери: доцнат субвенциите, ниски се откупните цени, поништени се повиците за рурален развој. Кога владата не може да се справат со вистинските проблеми, се вклучува пропагандната машинерија за дефокус.
    Сакам директно да им се обратам на луѓето зад бројките, зошто за оваа Влада тоа се само бројки, а за мене се лица и семејства:
    На над 270-те нови семејни винарии кои ги отворивме заедно. На лозарите кои конечно престанаа да го продаваат родот за бесмислени цени и почнаа сами да произведуваат вино со свое име и своја етикета.
    На над 4.000-те мали производители на храна кои денес легално, од куќен праг, ја продаваат својата работа.
    На производителите на околу 1.000-те нови етикети македонски вино што го има веќе секаде низ светот.
    На семејствата во руралните средини чии деца останаа дома, во своето село, наместо да заминат.
    Тоа е реформата за која ме напаѓаат.
    И зошто токму сега? Затоа што наместо реформи имаме:
    🔴 Осудена советничка на министерот во ИПАРД скандалот
    🔴 Уапсен директор на Платежната агенција, фатен на дело со пари
    🔴 Уапсен директор на Земјоделскиот инспекторат
    🔴 Мито од по 50.000 и 100.000 евра
    🔴 Блокирани ИПАРД фондови, доцнат субвенции, поништени повици.
    Не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. Станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања.
    Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси.
    На земјоделците, винарите и производителите кои ме контактираа овие денови, Ви благодарам. Вие знаете што направивме.
    Вие живеете од таа реформа, стои во статусот на поранешниот министер за земјоделство.

Николовски на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе