Вести Култура Топ вести

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

„Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга, кој традиционално ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид, денеска (27 јуни) е во фокусот на програмата на Струшките вечери на поезијата.

Публиката ќе има можност одблиску да се запознае со творечкиот опус на лауреатката, чие поетско дело зазема значајно место во современата светска книжевност.

Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да присуствуваат и на традиционалното „Поетско кафе“ со добитничката на највисокото фестивалско признание, Брасинга.

Во рамки на денешната програма ќе се одржат и поетските читања „Современа македонска поезија 2“ и Меѓународното поетско читање „Созвучја“, на кои ќе настапат домашни и странски поети, продолжувајќи ја мисијата на фестивалот да биде место на различни поетски стилови и култури.

Јубилејните 65-ти Струшки вечери на поезијата почнаа во средата на 24 (јуни) со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ. Завршуваат во недела на (28 јуни) со традиционалното поетско читање „Мостови“ на Мостот на поезијата и врачување на највисоките фестивалски признанија „Златен венец“ на Анеке Брасинга од Холандија и „Браќа Миладиновци“ на Николина Андова Шопова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Посебни термини и посебни цени за мажите и за жените на базенот во Тетово – невладините бараат еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација

Дејан Дејан

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе