Вести Свет

Намалена грамажа на чоколади, зголемена цена – „Милка“ под истрага за шринкфлација во Германија, „Монделез“ ги отфрли обвинувањата

Центарот за заштита на потрошувачи во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика.

Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата истовремено пораснала од 1,49 на 1,99 евра, пренесе „Шпигел“.

Случајот го разгледува Регионалниот суд во Бремен, кој треба да донесе пресуда во спорот. За време на првичното рочиште, судот оцени дека случајот би можел да биде пример за измамничко пакување.

Хамбуршкиот центар за потрошувачи тврди дека станува збор за практика позната како „shrinkflation“ (шринкфлација), односно намалување на количината на производот со задржување на истата или повисока цена, што ги доведува потрошувачите во заблуда, бидејќи визуелниот идентитет на производот останува непроменет.

Компанијата „Mondelez“ ги отфрла обвинувањата и наведува дека новата тежина е јасно назначена на пакувањето, како и дека потрошувачите се известени за промените преку официјалната интернет-страница и социјалните мрежи. Како причина, компанијата го наведува растот на трошоците во синџирот на снабдување, вклучувајќи го и поскапувањето на суровините.

Чоколадото во последните неколку години значително поскапе на европскиот пазар поради проблемите во производството на какао во Западна Африка, каде што неповолните временски услови и растителните болести ги намалија приносите.

Според податоците на статистичките институции, цената на чоколадото во просек е значително повисока отколку во 2020 година, што влијаеше и врз потрошувачките навики.

Фото: printscreen/youtube

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски во здравство, Велковски во социјала, Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, а Седат Сулејмани од Вреди оди во култура

Дејан Дејан

(видео)Новаковски за електронско гласање: Државата не е подготвена, една Германија ги фрли машините

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија- кога нема резултати, се бркаат политички противници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе