Вести Македонија Топ вести

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, но не ги сака балканските проблеми

Поранешниот американски амбасадор Кристофер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на „Самит Македонија 2026“ ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите.

„Апсолутно круцијално за лидерите е да ја разберат важноста на тоа да работат заедно со други лидери“, истакна Хил, кој рече дека би било најдобро доколку балканските земји дојдат во позиција во Европската унија да работат заедно.

Според него, потребна е поголема соработка меѓу земјите и лидерите во регионот.

„Европа го сака Балканот, но не ги сака проблемите на Балканот“, рече Хил, посочувајќи дека атрактивен предлог е заедно да работат Албанци, Срби, Македонци и дека тоа би било голем пазар. Смета дека доколку балканските земји соработуваат ќе имаат многу поголем напредок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потера по осомничениот бомбаш во Монако, камерите го снимиле како бега кон Франција

Дејан Дејан

Тригодишно дете e извлечено живо од под урнатините шест дена по земјотресите во Венецуела

Дејан Дејан

Клековски во здравство, Велковски во социјала, Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, а Седат Сулејмани од Вреди оди во култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе