Вести Македонија

Истрагата за сомнежите за загадување од мазутот сè уште трае, изјавија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Откако ОЈО ГОКК ја затвори финансискиот дел од истрагата за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, во вредност од над 167 милиони евра, од обвинителството на прашања на новинарите на денешниот брифинг соопштија дека се уште трае истрагата за еколошкиот дел и се испитуваат сомнежите дека со набавениот мазут од страна на РКМ е предизвикано и загадување.

Направено е вештачење во Србија, а во тек е анализа на добиените податоци.

„Резултатите од вештачењето и хемиската анализа во Србија се пристигнати. Беа правени во лабораторија во Белград. Беа испратени 10 мостри, а за секоја мостра под 4 тегли со мазут. Во првичните резултати стои дека сите мостри имаат под 1% сулфур што е законски максимум за заштита на човековата средина и здравје. Но, анализите се детални и во тек се консултации за да се увиди дали и колку други состојки има во мострите и дали се во согласност со законските ограничувања. Проблем е што не може да се изврши амбиентално мерење на воздухот бидејќи мазутот е горен многу пред отварање на истрагата“, рече обвинителката Катерина Коларевиќ.

Како обвинителството ги ослободи од кривично гонење Јахоски, Ковачевски и Сулковски и ја затвори истрагата за набавка на мазут и перење пари

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе