„Никогаш не се покренало прашање за распоредување“, ова го изјави францускиот претседател Емануел Макрон, осврнувајќи се на неговите планови за Ормутскиот Теснец.
Тој одговори на предупредувањето од ирански функционер против француските или британските воени бродови што се движат во теснецот.
Сепак Макрон им нареди на францускиот носач на авиони со нуклеарен погон и на неговата борбена група да се преместат во црвеното море како подготовка за идна одбранбена мисија во теснецот.
-Во врска со Иран, мислам дека има голема конфузија и треба да ги смириме тензиите. Го слушнаввашето прашање, споменавте распоредување. Никогаш не се покренало прашање за француско или француско-британско распоредување. Пред неколку дена донесов одлука да го преместам „Шарл де Гол“, фрегатите што го придружуваат и целата наша ударна група на носачи на авиони надвор од теснецот Баб ел-Мандеб, префрлајќи се од источниот Медитеран во блиската област. Но, никогаш не се покрена прашање за распоредување. Сепак, ние остануваме подготвени. Од самиот почеток рековме едно многу едноставно нешто: слобода на пловидба. Да се стави крај на секоја блокада, од каде и да доаѓа и во каква било форма. Да се отфрлат какви било патарини, од каде и да доаѓаат, и да се обезбеди слобода на пловидба, изјави Макрон.
