Вести Свет Топ вести

Путин смета дека конфликтот во Украина се ближи кон крај – како посакуван соговорник го истакна Шредер

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, според него, украинскиот конфликт се ближи кон крајот и додаде дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор.

„Мислам дека прашањето се ближи кон крај“, изјави Путин за војната во Украина.

На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека го претпочита поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Европските лидери, како што објави во четвртокот „Фајненшл тајмс“, се подготвуваат за потенцијални разговори за завршување на војната во Украина.

Кремљ минатата недела објави дека од европските влади зависи дали ќе го направат првиот потег, бидејќи тие го прекинаа контактот со Москва во 2022 година, по почетокот на војната во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе