Советот на Синдикатот за култура на Република Македонија најави протестен собир што ќе се одржи на 9 мај, пред почетокот на отворањето на Мајските оперски вечери во Скопје.
Собирот е закажан за 19:15 часот на платото пред Национална опера и балет, а од Синдикатот информираат дека протестот ќе биде мирен и ќе има цел да се изрази незадоволство поради, како што наведуваат, загрозувањето на Колективниот договор за култура.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
