Вести Македонија Топ вести

Зајковска можна наследничка на Ристовска, ДКСК демантира дека била нејзин извршител

Катерина Зајковска е прворангирана за да ја замени Цвета Ристовска на столчето во Антикорупциска комисија. Ова за Телма го потврди и претседателот на комисијата за селекција Игор Здравковски кој вели дека се уште изборот е неофицијален. Предлогот таа да стане нов член на ДКСК, ќе треба да се гласа во понеделник на Комисијата за избори и именување. Според информациите на Телма. Тесен бил изборот меѓу неа и петопријавената Милка Муратовска.

„Донесовме одлука денес врз основа на административни проверки и интервјуа, кандидатите се разликуваа за многу мали нијанси, но одлуката е донесена со бодување од шестмина овластени членови на Комисијата за селекција“, изјави Игор Здравковски од Комисијата за селекција.

Зајковска доаѓа како вработена во антикорупциската комисија на позиција раководител на секторот за следење на финансирањето на политичките партии и кампањи. Таа треба да ја наследи Цвета Ристовска која си даде оставка, откако Телма објави повеќе скандали поврзани со неа меѓу кои и тоа дека фирма на нејзиниот син добила пари од политички партии во кампања.

Неколку денови пред интервјуата во Собрание стигна информација од укажувач од ДКСК, до телма во коа вели дека таа и помагала на Ристовска да сокрие податоци за парите земени во кампањата на Гордана Силјановска Давкова. Такво прашање и постави и пратеничката на Левица токму на интервјуто во Собранието.

Од ДКСК за Телма велат дека Зајковска ниту криела податоци ниту е соработничка на Ристовска. Извештајот бил објавен онака како што стигнал од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател и таму ја немало Буст, фирмата на синот на Ристовска. За разлика од владеачката партија за СДСМ за Пендаровски во извештајот запишала дека користела услуга од „Буст ДООЕЛ“.

„Од страна на Буст ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, до ДКСК е доставен Извештај за доделени локации на рекламни паноа и билборди за време на изборната кампања за Претседателските избори 2024 година, кој е заведен и објавен на веб страницата на ДКСК согласно Изборниот законик“, соопштуваат од Државна комисија за спречување на корупцијата.

Инаку и покрај тоа што ДКСК ги имала податоците за Буст и ги објавила податоците не истражувала дали е противзаконски земањето на пари од партии од страна на син на нивни член. Исто така не го истражуваше ниту анкетниот лист каде Ристовска не ги навела фирмите на синовите. За ова отвори два предмети, но откако Телма ги објави податоците за делувањето на Ристовска.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе