Вести Економија Македонија Топ вести

Регулаторна анализира дали „блок тарифите“ треба да опстанат во сметките

Системот на тарифни блокови во сметките за потрошена електрична енергија се предмет на анализа на Регулаторната комисија, откри новиот претседател Ацо Ристов. Допрецизирање на законските акти за да се отвори патот кон европскиот пазар на македонските компании за производство на струја од обновливи извор е еден од приоритетите на Комисијата.

Годишното производство на електрична енергија од обновливи извори е во залет а многу повеќе треба да се работи на користењето на гас како примарен енергенс во индустријата, покажува извештајот на регулаторна за 20205 година.

Системот на четири тарифни блокови во сметките за струја е неправичен, смета регулаторот Ристов кој не прецизираше дали планира да го укине или ревидира. Во моментов течат анализи во Комисијата и се спроедуваат искуствата од странство.

„Неправичност е што иста енергија се плаќа по различна цена. Енергијата е роба, цена. И тој што ја произведува, ја продава по иста цена. Значи, сѐ другото е социјална категорија којашто треба исто така да се усогласува со државата. Инаку, не може да постојат пет цени за ист производ. Не, не реков дека е можно укинување. Ќе се разгледаат искуствата од примената на овој систем, па ќе видиме, ќе направиме анализа“ изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Засега нема прецизно решение кој ќе ги издава сертификатите кои ќе треба да ги добијат македонските компании за производство на струја од обновливи извори за да можат да ја продаваат на европскиот пазар откако ќе се испегла законската рамка со европското законодавство.

Ако 2025 година беше оценета како стабилна, 2026 година почна турбулентно, а во е можно да влијае на цената на парно греењето чиј примарен енергенс е гасот.

„Во зависност од податоците кои ги добиваме од берзите, правите споредба, правиме регулирана цена која во овој момент не знаеме дали ќе биде нешто поголема. Веројатно поради инфлаторните случувања ќе има некои случувања но нема да биде драстично бидејќи потенцирам дека на пазарите цената на гасот не порасна како кај нафтени деривати“, додава Ристов. 

Според извештајот на Регулаторна, минатата година за прв пат повеќе од половина од потрошенатра електрична енергија е купена на отворениот пазар а кога станува збор за производството драстично расте од обновливите извори. Најголем скок има кај ветерниците, а најголема количина произведена струја е од фотоволтаците, но најмногу струја прозиведува РЕК Битола која користи јаглен како примарен енергенс.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе