Вести Македонија

Берсе: Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија

Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и нивното спроведување, ова денеска го изјави генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој истака дека Советот работи на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија.

-Во случајот што го споменавте за Бугарија, знаете дека имаме преглед на одлуките што сè уште не се извршени. И работиме на ова. Постигнавме одреден напредок, би рекол, во последниот месец, потребно е малку време, но знаете, мислам, стабилноста на процесот е исто така важна затоа што мора да биде повеќе од само симболично решение – рече Берсе.

Според него, постигнат е одреден напредок во последните 12 месеци и посочи оти прашањето ќе го разгледа Комитетот на министрите порано оваа година со цел да спроведувањето на одлуиките да стане реалност.

Вие сте целосно во право, беше предолго извршувањето. Тоа е јасно. Но продолжуваме да работиме на ова и се надевам дека ќе имаме позитивен резултат многу бргу – додаде Берсе.

Во однос на забраната за влез во Бугарија на десет години на адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува Македонците од Бугарија пред ЕСЧП, Берсе рече дека не може да коментира конкретен случај, но, вели, заштитата на адвокатите е од суштинско значење во едно општество.

И токму затоа Советот на Европа разработи специјална Конвенција за заштита на адвокатите од непријателски дејства, не знам дека и Северна Македонија ја има потпишано оваа Конвенција, не се спроведува сè уште бидејќи е во фаза на разработка, но и Комисијата за човекови права ќе може да ја заврши својата работа и во овој случај да ја процени ситуацијата – рече Берсе.

Министерот за надворешни работиТимчо Муцински кој е домаќин на Берсе кој е во посета на земјава, кажа дека во однос на одлуките на ЕСЧП, ние сме држава што доследно ги применува пресудите на судот.

Тоа не е секогаш пријатно и лесно на државата, но како што кажа во претходната изјава, Европската конвенција и пресудите на судот, покрај имплементација на заеднички простор на водење на правото, се и морален компас за земјите членки. И колку и тоа да не е лесно, обврска на земјите членки е тоа да го прават. Во однос на конкретните предмети, државата, иако не е странка во постапките, за жал, тоа е нешто од минатото што не можеме сега да го поправиме, сепак сме земја членка на Советот на Европа и ние нашите перспективи во однос на ова прашање ги даваме во рамките на Комитетот на министрите како земја членка на Советот на Европа и очекуваме дека сите земји членки ќе си ги преземат своите обврски во согласност со Конвенцијата – истакна Муцунски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе