Вести Свет

САД најавуваат пауза на операцијата во Ормускиот теснец – Иран вели Трамп се повлекува

Доналд Трамп најави дека САД ја паузираат својата операција за водење на заглавени бродови низ Ормутскиот теснец.

Паузата ќе трае „кратко време“ за да се види дали „може да се финализира мировен договор со Иран“, рече американскиот претседател, истакнувајќи дека блокадата на иранските пристаништа од страна на САД ќе продолжи.

Иранските државни медиуми го оквалификуваа потегот како победа, велејќи дека Трамп се „повлекол“ и го обвинуваат америкснкиот претседател дека се обидува да го „прикрие неуспехот“ на „Проектот слобода“.

Засега е нејасно  дали САД ќе успеат со овој потег да го донесат Техеран на преговарачката маса. Пентагон соопшти дека околу 22.500 морнари на 1.550 бродови се уште се заглавени.

Државниот секретар Рубио вели дека војната со Иран е завршена, но мирот е сè уште недостижен.

Иако САД тврдат дека операцијата имала за цел да ја обнови слободната пловидба и трговија, неизвесно е дали паузата ќе овозможи стабилизација или дополнителни пречки, особено ако продолжат безбедносните ризици.

За Трамп конфликтот со Иран е „мал судир“ и уверен е дека Техеран сака да постигне договор. Тој ја истакна улогата на Кина, која тесно зависи од енергенсите што минуваат низ Ормускиот теснец и најави разговори со Си Џинпинг. Но, денеска веќе иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се сретна со својот кинески колега, Ванг Ји, во Пекинг. Кинескиот министер за надворешни работи му рече на Арагчи дека Кина е „длабоко вознемирена“ поради војната што трае повеќе од два месеци и рече дека е потребен „сеопфатен прекин на огнот“.

  • Овој конфликт веќе трае повеќе од два месеци. Тој не само што предизвика сериозни загуби за иранскиот народ, туку имаше и сериозно влијание врз регионалниот и глобалниот мир. Кина е длабоко вознемирена од ова. Веруваме дека е итно потребен сеопфатен прекин на огнот, дека продолжувањето на непријателствата не е прифатливо и дека е особено важно да се остане посветен на дијалогот и преговорите, рече Кинескиот министер за надворешни работи.
  • Ги разгледавме сите актуелни прашања, прашања поврзани со војната и како да се заврши, преговорите што се во тек, прашања поврзани со нуклеарната програма на Иран и мирниот карактер на нуклеарните активности на Иран, прашања поврзани со санкциите и сите билатерални прашања. Беше дискутирано и прашањето за Ормутскиот теснец – што беше една од нашите сериозни теми на разговор – и потребата од почитување на правата на Исламската Република Иран, заедно со сите постоечки гледишта, истакна Арагчи.

Денеска во Париз министрите за трговија на седумте најразвиени економии ќе се обидат да го ублажат економскиот удар од САД откако Трамп најави повисоки давачки за европските возила. Покрај последиците од војната на Блискиот Исток, над глава им виси и зголемувањето на тарифите за 25% за автомобилите и камионите од ЕУ.

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж дека „разумот наскоро ќе преовлада“.

Меѓувреме, глобалните пазари внимателно ја следат ситуацијата, имајќи предвид дека низ Ормутскиот теснец поминува околу 20% од светската нафта и гас.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски очекува да се покачат цените на горивата – дизелот да поскапе од 2 до 2,5 денари за литар, а бензините 1 денар

Дејан Дејан

Унгарскиот премиер Маѓар предлага ограничување на мандатите на пратениците на 12 години

Дејан Дејан

Пожарот кај „Рампа“ кој се ширеше кон околните објекти е локализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе