Вести Македонија Најважни

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63, а над 200 лица беа повредени. Судењето продолжува со изведување на материјални докази предложени од страна на Обвинителството.

На минатото рочиште во судницата во Идризово сведочеше директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков кој посочи дека труење со јаглероден моноксид е главната причина за смртта кај најголем дел од починатите во пожарот.

– Јаглероден моноксид е најчест токсичен гас што се јавува при пожари во затворен простор. Тој многу бргу и добро ја исполнува просторијата и е доминантен причинител за смртта, изјави  Станков.

Адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко побара да се исклучи јавноста поради, како што посочи, закани по неговиот живот, но предлого беше одбиен со образложение дека досега ниту една закана не е нотирана во записник.

Првата пресуда за пожарот во Пулс беше изречена вчера.Тројцата полицајци обвинети за еден од трите предмети за трагедијата добија условни казни на што реагираа од Здружението на граѓани 16 март 2025 оценувајќи дека тоа не е правда, туку формалност.

Условни осуди за тројцата полицајци поврзани со контролите на „Пулс“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе