Вести Македонија

Обвинителство бара мерки на претпазливост за малолетничките кои се изживуваа врз 13 годишно девојче во Ѓорче Петров

Мерки на претпазливост додека трае случајот предложи јавното обвинителство за малолетничките на возраст од 14 до 17 години кои се осомничени дека тепале 13-годишно девојче во два одделни случаи. Обвинителството веќе побарало да се отвори постапка пред судија за деца, поради тежината на делото предвидено во Кривичниот законик. Тие се гонат за насилство, но постапката за нив се води според Законот за правда за децата.

До Основното јавно обвинителство Скопје вчера се доставени шест кривични пријави по член 201 од Кривичниот законик – Запуштање и малтретирање дете, против лица кои како родители ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување, а како резултат на тоа малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело Насилство, односно физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров. Пријавите се распоредени и по нив се постапува за обезбедување докази за проверка на наводите во редовна постапка, изјавија од Обвинителството.

 Според Законот за правда за децата, истражната постапка ќе се води во судот, а потоа предметот се враќа во Обвинителството кое одлучува дали ќе поднесе предлог за санкции.

Полицијата поднесе шест кривични пријави за запуштање и малтретирање дете против родители чии малолетни деца извршиле насилство врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров. Поднесени се и пријави против четири малолетнички за насилство. Како што веќе објави Телма две од пријавените ученички не се од училиштето Мирче Ацев туку од средното хемиско и друго основно на во општината Ѓорче Петров. Жртвата следи настава од дома, а на десет ученици им се изречени дисциплински мерки. По случајот МОН препорача воведување дежурни наставници како превенција. Случајот ја вознемири јавноста поради бруталното врсничко насилство.

Од Судот изјавија дека предметот пристигнал денеска во 14:30 часот. „Со оглед дека има рок од 8 дена, судијата во текот на утрешниот ден ќе донесе одлука“, соопштија од Судот.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе