Најголем дел од турите во овој период и за последниот празник беа продадени, авионските тури немаа поголеми чекања од вообичаеното кога почна да функционира ЕЕС системот, бидејќи на аеродромите има компјутеризирани системи и самата пасошка контрола побрзо го врши системот, проблем се автобусите и автомобилите, истакна Мимоза Конеска од „Војажер Туристик Сервис“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Тука е повеќе проблемот, заради поголемата колона на возила и побавното фотографирање. Сепак, во организираните тури со автобуси на туристичките агенции, тие имаат посебна линија на поминување, каде што туристите побрзо поминуваат“ вели Конеска.
Од аспект на патувањата низ Европа во овој период, додаде Конеска, бевме сведоци во Полска.
„Дел од туристите буквално беа изземени од тој систем на ЕЕС поради подолгото чекање. Значи, тоа што се зборуваше дека ќе функционира во пракса, така ќе биде. Во моментот на слетување на три авиони од земји кои не се во Европската Унија, се создаде блок на целиот терминал, се пренасочија патниците кон директна пасошка контрола, каде што побрзо одеше системот“, нагласи Конеска.
С.Д.
