Во Ургентниот центар во Скопје, пред малку е примен уште еден повреден работник од градилиштето во Кисела Вода.
Информацијата за Телма ја потврдија од Трауматологија. Првичните информации се дека работникот е со полесни повреди но повеќе детали најавуваат по деталниот преглед на пациентот.
Во Ургентниот центар претходно беа донесени тројца пациeнти од несреќата од кои еден пациент беше префрлен на КАРИЛ. Тој имаше тешки телесни повреди, повреда на над коленица и подколеница рече за Телма д-р Оливер Арсовски, раководител на Трауматологија при ТОАРИЛУЦ. Останатите двајца работници имаа полесни повреди и нивната состојба се следи.
Д-р Арсовски: Еден од работниците е на КАРИЛ, останатите двајца се со полесни повреди
