За денеска е закажано ново рочиште во судскиот процес против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство, нанесување телесна повреда и загрозување на сигурноста.
Како вовед во постапката, на претходното рочиште беа презентирани вознемирувачки аудио снимки поврзани со пријави за семејно насилство.
На снимките, кои беа изведени како докази на претходното рочиште, се слушаат расправии меѓу обвинетиот и неговата сопруга Ивана, како и закани и физичко насилство.
Обвинителката Адела Бојчевиќ истакна дека на еден од записите се слуша како обвинетиот вели: „ќе лежам во затвор, ќе излезам“, како и други заканувачки изјави.
Во текот на постапката беа презентирани и пријави од семејството и сведоци за претходни случаи на насилство, вклучително и итни повици во полиција од страна на жртвата и нејзини блиски.
Одбраната, пак, реагираше дека на дел од снимките се слушаат повеќе лица и дека содржината треба дополнително да се анализира.
