На грчкиот остров Сирос во архипелагот Киклади избувна шумски пожар, поради што властите издадоа предупредување за евакуација на жителите од областа Триа Лагонја кон главниот град Ермуполи.
Во гаснењето учествуваат четири авиони за фрлање вода, заедно со пожарникари и доброволци на терен.
Пожарот избувнал во близина на областа Анбела на југот од островот, а причината засега не е позната. Според властите, поголемиот дел од летните пожари во Грција се поврзуваат со невнимание, иако постојат и сомнежи за намерно подметнување.
Mеѓувреме, пожарникарските служби во други делови на Грција успеале да стават под контрола неколку пожари, меѓу кои во близина на Коринт и во регионот Родопи.
За утре издадено е предупредување за висок ризик од пожари во повеќе области, вклучувајќи ја Атика, Коринт, Арголид и Крит.
