Uncategorized Вести Македонија Најважни

Ако улицата се скрати еден метар, нема да можат да поминат ни Пожарна, ни Брза помош – жители од Маџир Маало бараат општина Центар да ја стопира узурпацијата на јавен простор

 Речиси еден метар од коловозот е пресечен, а градежен шут е расфрлан по улицата и околните објекти. Вака моментално изгледа улицата „Охридска“ во скопската населба Маџир Маало.

Револтираните жители велат дека веќе две години се соочуваат со проблеми поврзани со градежните активности на објектот што се довршува во нивното соседство. Според информациите што ги добиле, на просторот каде што е пресечен асфалтот е предвидена изградба на тротоар и паркинг-места за потребите на станарите во новата зграда.

Жителите стравуваат дека со тоа дополнително ќе се стесни и онака тесната улица, што ќе го отежне движењето на возилата и ќе создаде ризик во случај на итни интервенции.

„Како што може да се забележи нема тротоар, нема табла кој е инвеститор, а има градежен шут на сред улица. Најново е тоа што сега се сече и улицата скоро едно метро бидејќи тука требало да биде тротоар и паркинг место. Прашуваме како ќе се помине утре тука со пожарна, брза помош или што било и да треба. Тоа нема шанси. Ние сега не можеме да поминеме со нашите возила. Ова се стари градби, а патот е едвај четири метри, каде не може ниту да се разминеме ниту да ги паркираме колите некаде, а ако овде има тротоар е дури тогаш нема да има шанси да поминуваме со возила“

„Кога тука ќе се стави тротоар ние улица ќе немаме. Ако тие сметаат дека само три метри се доволни за улица во ред. Нека дојде кој било надлежен да ми каже според прописи колкава треба да е улицата по пропис и дали таму може пожарна да помине“

По реакциите на граѓаните, инспектори од Општина Центар излегоа на терен за да ја проверат состојбата.

„Инспекциската служба на Општина Центар изврши увид на терен, при што беше констатирана потреба од спроведување геодетско обележување, снимање и мерење од страна на овластена геодетска фирма, со цел прецизно да се утврди дали постои  узурпација  на јавниот протор од страна на инвеститорот/изведувачот“, рекоа од општина Центар.

Неодамна, во близина на Католичката црква на булеварот „Теодосиј Гологанов“, се случи свлечиште при ископ на нов станбен објект. Сега таму е поставена заштитна лимена ограда, а оштетениот простор е речиси целосно затрупан.

Градежните експерти предупредуваат дека е неопходен засилен инспекциски надзор на градилиштата, поголем број градежни инспектори на терен и построги санкции за инвеститорите и изведувачите кои не ги почитуваат законските прописи и безбедносните стандарди.

Тамара Марковска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Топлото време ги зголеми повиците на Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе